Додик по средбата со Путин: Русија се интересира за политичкиот развој во БиХ

1 min read

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за ситуацијата во БиХ разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин, кој, како што рече, се интересирал за речиси секое прашање за можниот развој на политичката ситуација.

Разговарав со претседателот Путин за актуелната ситуација во регионот. Го запознав Путин со нашето гледиште за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Можам да кажам дека е многу запознаен со деталите и го интересираше речиси секое прашање за можниот развој на политичката ситуација – изјави Додик за РТРС, пренесува Српскаинфо.

Додик и Путин се сретнаа денеска во Москва.

Додик за АТВ изјави дека е чест што Српска има внимание на ова ниво во Руската Федерација и што може на искрен начин да се разговара за економските, политичките и сите други прашања поврзани со Република Српска.

Путин е многу информиран за деталите во БиХ, така што беше можно многу конкретно да се разговара за сите прашања. Поддршката што ја имавме во однос на пандемијата и она што го добивме од Русија секако беше предмет на моја благодарност – рече Додик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кристијан Ериксен се врати на терените, почна со самостојни тренинзи

Следно

Пладневно опуштање со најдобрата комбинација: Чај со домашни бисквити!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian