6 причини зошто треба да уживате во мандарините оваа зима

2 mins read

Мандарината е кисело-сладок цитрус од Југоисточна Азија кој се одгледува на нашите простори од 19 век.

Ова овошје е богато со витамин Ц, го штити нашиот имунитет во студената сезона и ни помага да ја одржиме витката линија. Покрај тоа, мандарините се многу вкусни.

Сезоната на овој цитрус е таа која благотворно влијае на вашето здравје, а погледнете ги придобивките:

1. Забрзување на варењето

Кога консумирате мандарини, не треба да ги заборавите и белите „ленти“ кои го обвиткуваат овошјето од внатрешната страна на кората. Ако јадете многу јаглени хидрати и масти, тој дел од цитрусно овошје полн со диетални влакна ќе помогне да се забрза поспаното варење.

2. Го чуваат срцето

Мандарината е добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

3. Ја подмладуваат кожата

Богата со антиоксиданси кои го спречуваат ослободувањето на слободните радикали и оштетувањето на кожата, мандарината е одлично средство за нега на лицето.

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген, па придонесува за намалување на брчките.

4. Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Антиоксидансите присутни во мандарините помагаат да се намали лошиот холестерол и да се промовира добриот холестерол. Исто така, мандарините содржат растителни влакна кои помагаат во чистење на артериите од лошиот холестерол, и го одржуваат нормалниот крвен притисок.

5. Го зајакнуваат имунитетот

Бидејќи мандарините се полни со витамин Ц, тие можат да обезбедат до 80 проценти од потребната дневна доза на овој витамин. Витаминот Ц во мандарините е клучен за превенција од настинки и е од витално значење за правилно функционирање на здравиот имунолошки систем.

6. Добри се за очите

Го одржуваме здравјето на очите со јадење храна со каротеноиди, како и други антиоксиданси. Мандарините исто така содржат витамин Ц и каротеноид витамин А, кој помага да се спречи макуларна дегенерација, како и да се исцеди стаклестото тело на окото каде притисокот може да предизвика глауком.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Болдвин ја промени приказната: Никогаш не би вперил пиштол и не би повлекол чкрапало

Следно

Викендов автобусите од линиите 22, 22А и 64А, ќе сообраќаат по изменет режим во реонот на улица „Лука Геров“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian