Вујовиќ: Гаџа нема да патува со нас, секако не сме фаворити против Кил

2 mins read

В четврток (2 декември 2021 год.) екипата на Вардар 1961 ќе го игра својот деветти натпревар сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите, а му гостува на германскиот Кил (20.45 часот).

Моментно во групата „А“ скопските „црвено-црни“ се наоѓаат на шестата позиција со пет бодови, а бундеслигашот е на третото место со 11.

Пред заминувањето за Кил, своите очекувањата ги сподели тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ:

– Нè очекуваат три многу важни натпревари, првиот е во Кил каде што секако не сме фаворити, ниту една екипа во Европа не е фаворит во Кил. Би било многу важно за нас да одиграме еден добар натпревар, бидејќи тоа би било значајна мотивација за мечот во Загреб (8 декември) и дуелот во Битола против Еурофарм Пелистер (18 декември).

Што се однесува до составот, имаме проблем, Гаџа доби вироза и единствениот среден бек, класичен кој го имаме, нема да патува со нас, тоа ми прави многу проблеми. Се враќа Куни Моралес, иако не е 100% подготвен, но сепак да биде во контакт со самиот амбиент, за да не направи преголема пауза.

И голманот Борко Ристовски сè уште не се опоравил од проблемот кој го има веќе подолг период, јас се надевам дека и тоа брзо ќе се реши.

Од трите натпревари кои ги очекуваме, две победи би биле мелем за сите нас. Очекувам екипата да биде мотивирана, да го даде максимумот и на некој начин овој прв дел од сезоната го завршиме позитивно – рече Вујовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија ќе бидат завршени денеска или утре

Следно

Лани 52 отсто од дозволите за престој во ЕУ биле издадени на албански државјани помлади од 19 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian