ВИДЕО: Во Полска се случи можеби најголемиот пресврт во историјата на ракометот!

2 mins read

Дефинитивно тоа што се случи на еден натпревар во Полска е за издвојување, финиш каков што ретко можеме да видиме.

Во рамките од 11 коло во тамошната Суперлига составот на Квидзин да надополни четири гола негатива против Тарнов во последните 90 секунди од средбата.

После 58 минути и 20 секунди резултатот беше 24:28, а домаќините намалија 10 секунди подоцна на 25:28. Во 59:07 мин. Квидзин доаѓа до нов гол од контра, за 26:28.

А во 59:38 мин. повторно брзо реагираа после неуспешниот обид за реализација од страна на гостите и се доближија на само „минус еден“.

Играчите на Тарнов како да не знаеја што да направат со топката, згрешија и во следниот напад, Квидзин украде уште една топка и во последните секунди стигна до израмнување на 28:28.

Бидејќи во полското првенство нема нерешени резултати, одлучуваа пеналите во кои домаќинот беше подобар со вкупни 33:31.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славјанка Петровска: Рано ми е да се кандидирам за лидерската позиција во СДСМ

Следно

Србија ја модернизира, а Приштина ја зголемува својата војска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian