ВИДЕО: Страшна трка за титулата во Премиер лигата – Челси, Сити и Ливерпул

1 min read

Фаворитите беа успешни во своите нови премиерлигашки натпревари, Ливерпул беше убедлив над Евертон (1:4), Манчестер сити славеше против Астон Вила (1:2), а Челси со 1:2 го надигра Ватфорд.

Дуелот помеѓу Ватфорд и Челси имаше прекин од 35 минути во првото полувреме, лекарска помош мораше брзо да реагира бидејќи еден навивач на трибините доживеал срцев удар.

За лондонските „сини“ за позитива се погрижи Маунт во 29 минута, а пред паузата за домаќините стрелаше Денис. Конечниот епилог го постави Зијеш после асистенцијата на Маунт во 72 минута од средбата на стадионот „Викариџ роуд“.

Ливерпул во градското дерби беше моќен против Евертон, на „Гудисон Парк“ Салах стрелаше за водство на „црвените“, а израмни Греј (38`). Во 64 минута Египќанецот Салах запиша втор гол, а Жота ги реши сите дилеми околу победникот во 79 минута.


„Граѓаните“ предводени од Пеп Гвардиола исто така останаа во шампионската трка сезонава, по првиот дел водеа со 0:2, а погодоците беа дело на Диас и Силва. Домаќините само успеаја да го ублажат својот пораз преку Воткинс (47`).

Премиер лига, 14. коло

Среда, резултати –

Саутемптон – Лестер 2:2
Ватфорд – Челси 1:2
Вест хем – Брајтон 1:1
Вулверхемптон – Барнли 0:0
Астон Вила – Манчестер сити 1:2
Евертон – Ливерпул 1:4

Табела:

1. Челси 33 бодови
2. Манчестер сити 32
3. Ливерпул 31
4. Вест хем 24
5. Арсенал 23
6. Вулверхемптон 21
7. Брајтон 19

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хирург од Австрија ампутирал грешна нога на пациент, казнет со 2 илјади евра

Следно

Со Дедо Мраз ќе стаса и сојот омикрон во земјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian