ВИДЕО | Муслиу: Заев се обидува зад себе да не остави потоп

2 mins read

Сѐ уште се оддолжуваат преговорите за проширување на владиното мнозинство. За тоа како ќе одат работите понатаму во Утрински брифинг разговаравме со аналитичарот Алберт Муслиу.

-Заев се обидува по него да не биде потоп, да го зголеми мнозинството. Сега конкурсот за нов партиски претседател е отворен, вели Муслиу. – Секој кој смета дека вреди треба да се пријави. Заев сака да покаже дека не бил автократ туку дека имало простор за сите. Не е дисбаланс кога претходниот претседател ќе најави кој е негов фаворит, но тоа не значи дека ќе победи на изборите.

Муслиу смета дека е сосема во ред евентуалниот наследник да учествува во разговорите кои се во тек оти треба да биде запознаен.

Алијанса на Албанците и Таравари вчера изјави декана нивна пратеничка ѝ биле нудени пари за да премине на другата страна, што беше демантирано.

-Албанскиот опозициски блок има една нова опозициска партија која има свој градоначалник и веќе има своја сериозна тежина. Тоа е сериозна конкуренција во опозицискиот пазар и спремноста за соработка меѓу Алтернатива и Алијанса е веќе евидентна поради овие факти, вели Муслиу.

И Артан Груби ја омекна реториката кон Алтернатива и рече дека е добредојдена во владата.

-По изборите реториката секогаш омекнува. Преговорите со Алтернатива очигледно оди добро. Тие имаа наратив дека се за борба против корупцијата и ќе одат со тоа, вели Муслиу за Утрински брифинг.

ДУИ очекува дека Зоран Заев барем до март ќе остане на позицијата поради претходниот коалициски договор. Тоа се работи кои треба добро да се промислат. Заев избрза со оставката, вели Муслиу, а сега се обидува да ги одржи односите и принципите во коалицијата да останат во ред ако Заев ја ефектуира оставката во март.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сојот омикрон бил присутен во Нигерија уште во октомври

Следно

Изречени 1.400 казни за непочитување на мерките минатиот месец во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian