ВИДЕО | Лончар: Санкции за трговците кои прават маркетиншки измами со попусти пред празниците

2 mins read

Владата треба да седне и да се договори со трговците за замрзнување на цената на основните прехранбени производи како што тоа го стори Србија. Во меѓувреме, сезоната на предновогодишни попусти е во полн ек. Излозите излепени со натписи – намалување до 70%; плати едно, земи две; целосна ликвидација.

Но, колку е ова реално? Трговците прават разни маркетиншки трикови поради кои ќе помислите дека ќе заштедите пари. Дали Black Friday и понатаму важи за ден најдобар за купување работи на големи попусти? Туристичките агенции нудат неверојатни попусти за аранжмани доколку уплатите во наредните неколку дена. Изминатите години до организацијата за заштита на потрошувачите стигнале голем број претставки од граѓани кои тврдат дека се излажани.

Каква е ситуацијата годинава и дали до сега некој реагирал во Утрински брифинг разговаравме со Маријана Лончар претседател на организацијата за заштита на потрошувачите.

Во нашиот Закон се регулира распродажбата на производите и услугите, односно како декларира распродажбата и во кој период може да се направи тоа. Тој сегмент го третира и контролира ДПИ.

-Она што е карактеристично само процент се става за намалување на цената и вие не гледате колку била претходната цена. Често пати се случува да пишува 70% на излозите и само неколку парчиња да бидат на распродажба, вели Маријана Лончар.

-Кога се работи за тотална ликвидација, тоа стварно треба да биде тотална ликвидација, тоа значи дека објектот се затвора и не се отвора веќе.  Тоа во законот се регулира како нечесна пазарна пракса. Глобата е утврдена на доста високо ниво. Може да се изрече и мерка затворање на објектот на одредено време, појаснува таа.

-Луѓето доста купуваат за Блек фрајдеј. Но гужвите кои сега се создаваат во пандемија навистина претставуваат опасност. Инаку Блек фрајдеј кај нас не е она што е во САД, па и Европа. Но факт е дека има намалување особено по моловите и трговските центри, но попустите не се толкави, додава таа.

-Ние сме за замрзнување на цената на млекото, маслото, шеќерот. Таа мерка не е најпопуларна. Владата треба да седне и да се договори со трговците оваа мерка да се применува кај нас, вели Лончар за Утрински бифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Норвешка повторно воведува мерки против коронавирусот, луѓето се повикани да носат маски

Следно

Дневен хороскоп за 1 декември: Пред вас е убав љубовен ден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian