ВИДЕО | Чадиковски: Нападот врз новинар води кон автоцензура и застрашување на целата професија

1 min read

Неслобода за новинарите е неслобода на општеството, оти новинарите се оние кои ги информираат граѓаните. Новинарите и пратениците од регионот деновиве во Скопје се собраа и се потпишаа на платформа за меѓусебно почитување.

-Првпат се случува на исто место да се соберат новинари и пратеници да дискутираат за слободата и безбедноста на новинарите. Новинарите и пратениците одговараат пред јавноста. Граѓаните мора да добијат правовремена информација и важно беше ова да го знаат пратениците кои понекогаш нѐ гледааат нас новинарите како нужно зло. Ние се обидуваме да го смениме менталитетот на избраните од народот, да сфатат дека работата на новинарите е важна, вели Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија.

Чадиковски посочува дека мора да биде свесна јавноста дека нападот врз новинар е сериозен проблем, општествено зло кое води кон автоцензура и застрашување на фелата. Токму затоа ЗНМ инсистира нападот врз новинар да се смета за напад врз службено лице.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Москва тврди дека Украина распоредила половина од армијата во Донбас

Следно

Захариевски: Гледам голема шанса во Купот да ја елиминираме Шкендија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian