ВИДЕО: Бензема го чува Реал Мадрид на врвот во „Ла Лига“

1 min read

„Кралскиот“ клуб ја продолжува победничката серија во најквалитетната шпанска лига, вечерва на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ со 1:0 беше подобар од Атлетик Билбао.

Единствениот погодок за Реал Мадрид беше реализиран во 40 минута преку Карим Бензема. За Французинот ова беше 12 гол сезонава во „Ла Лига“ за вкупно 11 триумф на неговата екипа.

Гостите можеа да го избегнат поразот, во второто полувреме имаат многу повеќе шанси, но не дојдоа ниту до израмнување.

На табелата води Реал со 36 бодови, седум повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид кој има меч помалку, додека Атлетик Билбао после третиот пораз е на осмата позиција со 20 бодови.

Во следното коло играчите на тренерот Карло Анчелоти ќе играат на гостински терен против Реал Сосиедад, а составот на Марселино ќе оди кај Хетафе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Богоевски: Имаше „груевизам“, но нема „заевизам“, сега многу функционери одговараат за постапките

Следно

ФОТО | Мечот на Наполеон Бонапарта на аукција во Америка: Се проценува дека вреди преку 3 милиони долари!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian