Полицаец доаѓа на преглед кај лекарот интернист, здравјето не му е баш добро. Лекарот го прегледал, ги запишал наодите со дијагнозата и терапијата, па му рекол на полицаецот:
– Земете ги овие празни рецепти, па ако не ви е проблем, бидејќи други пациенти ме чекаат, дајте ѝ ги на сестрата да ги пополни…
Полицаецот излегол, а докторот го примил следниот пациент.
Наредниот ден истиот полицаец влегува во ординацијата, со многу полоша здравствена состојба од вчера, па со тивок глас му се обраќа на докторот:
– Докторе, а дали може ова некако поинаку да го направиме, знаете, сестра ми живее во друг град!
Извор: www.slobodenpecat.mk