Утре изрекување пресуда за убиството на српскиот новинар Славко Чурувија

1 min read

Фондацијата „Славко Чурувија” соопшти дека за утре во 14.30 часот е закажано изрекување нова првостепена пресуда за четворицата поранешни членови на Секторот за државна безбедност обвинети за убиството на новинарот и издавач Славко Чурувија.

Првата пресуда од април 2019 година Апелациониот суд ја укина, јави Бета.

Од Фондацијата наведуваат дека станува збор за исклучително важен судски процес за убиството, кое според сите докази изнесени во текот на седумгодишното судење, како и првостепената пресуда, го организирала и извршила државата, односно нејзината тајна служба.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Захариевски: Гледам голема шанса во Купот да ја елиминираме Шкендија

Следно

Ултимативна модна икона на денешницата: Ким Кардашијан Вест ќе ја добие наградата за модна икона на „People’s Choice Awards“ за 2021 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian