Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, смета дека кандидатурата на Фросина Ременски за лидерската позиција во СДСМ не претставува изненадување.
-Со оглед на тоа што СДСМ од минатиот пат го бира претседателот на непосредни избори, каде што право на кандидатура имаат сите кои ги исполнуваат условите. Секој што е член на СДСМ е добредојден да ја достави кандидатурата и секако да ја образложи пред членовите, рече Петровска во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
На прашањето дали и самата размислува да влезе во трката за нов лидер на партијата, Петровска рече дека „се уште ѝ е рано за таков чекор“.
-Сепак мислам дека во политиката, ако сакате да допринесете треба да го најдете соодветното место, од каде ќе го постигнете тоа, вели Петровска.