Русија протерува американски дипломати

1 min read

Лицата вработени повеќе од три години во Амбасадата на САД во Москва треба да ја напуштат Русија до 31 јануари 2022 година, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Официјален Вашингтон претходно нареди 27 руски дипломати да заминат од САД до јануари 2022 година.

Захарова нагласи дека таквата одлука не е избор на Русија, бидејќи САД „наметнале слична игра” откако Стејт департментот еднострано воведе тригодишно ограничување за службени патувања за вработените во Руската амбасада во Вашингтон и Руските генералните конзулати во Њујорк и во Хјустон во 2020 година.

– До 1 јули следната година, доколку Вашингтон не се откаже од тригодишното владеење и не направи компромис, персоналот ќе продолжи да заминува во пропорционален број на Руси што го објави Стејт департментот, истакна Захарова.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски, Арсовска, Гир и Вуцас денеска садеа дрвја во Аеродром

Следно

ВИДЕО | Ковачевски за влијанието на Заев: Мојот интегритет ќе го потврдам преку одлуките коишто ќе ги носам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian