Османи му кажа на Борел: Почнувањето на преговорите ќе биде силна европска порака до регионов

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека денеска во Рига се сретнал со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Рига, средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел:- во пресрет на декемвриските состаноци на ЕУ, Северна Македонија останува искрено посветена на надминување на разликите со Бугарија и консолидација на нашата евро-интегративна агенда,“ напиша тој на Фејсбук.

„Исчекорот со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ќе значи силна порака до регионот, неговата европска перспектива, но и порака за кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ“, додава Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кулеба: Ако Минск го признае Крим за дел од Русија, тоа ќе ги наруши белоруско-украинските односи

Следно

Ќе има ли „Златна топка“ и за најдобриот светски напаѓач Левандовски?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian