Нови 50 садници во Аеродром во рамки на Програмата за зелена економија за Западен Балкан

4 mins read

– Педесет садници, дрвја од видот каталпа, денеска беа засадени во Рајскиот парк во општина Аеродром за раззеленување на Скопје и како придонес за чист воздух и зачувување на животната средина.

Дрвцата се донација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ), Австрија и локалните партнерски банки: Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност.

Во акцијата се вклучија евроамбасадорот Дејвир Гир, Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Северна Македонија,  амбасадорот на Австрија Георг Вуцас, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром Данела Арсовска и Тимчо Муцунски и претставници на неколку банки.

Градоначалничката Арсовска посочи дека Град Скопје континуирано ќе биде посветен на поддршка на сите оние активности коишто за своја цел имаат зачувување на нашата животна средина.

-Она што е навистина важно за нас е да работиме заедно на подигнување на колективната свест за она што е важно, најпрво за зачувување на здравјето на нашите граѓани. Понатаму, да делуваме заедно, континуирано со сите партнерски организации на проекти коишто ќе овозможат Скопје да биде одржлив, да биде еколошки чист град. Верувам дека заедно ќе овозможиме да се придвижиме кон онаа зелена транзиција кон која што сите ние земји во Европа целиме и верувам дека ќе бидеме успешни во тоа, особено во следниот четиригодишен мандат, изјави Арсовска во Рајскиот парк во Општина Аеродром. 

Евроамбасадорот Дејвид Гир посочи дека е потребен сеопфатен пристап на сите страни во општеството и додаде дека добро што тука се претставници на ЕУ, Австрија, банките, градоначалниците и граѓанскиот сектор кои, како што рече, ќе ја имаат клучната улога во имплементацијата на Европскиот зелен договор (European Green Deal). Нагласи дека е потребно и партнерство со Владата, бизнис заедницата, општините и граѓанскиот сектор. Според него, садењето неколку садници ќе придонесе Скопје да биде почисто, поздраво и позелено.

Амбасадорот на Австрија во земјава Георг Вуцас нагласи дека енергетската ефикасност е моќен извор за експлоатација, но бара заеднички напор и соработка. Посочи дека досега Австрија има доделено над ЕУР 5 милиони евра во ГЕФ Програмата и е клучен партнер во оваа иницијатива.

-Навистина е одлично да се види дека програмата им има помогнато на импресивен број луѓе во Северна Македонија и во поширокиот регион, во подобрување на енергетската ефикасност за домовите, придонесувајќи кон намалување на емисиите на штетните гасови во воздухот, рече Вуцас.

Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија Аранитаси изјави дека подобрувањето на енергетската ефикасност води кон помало користење на енергија, помали сметки и општо земено, подобар квалитет на живот. Нагласи дека Северна Македонија покажа голем интерес за инвестирање во технологии за енергетска ефикасност, со над 18 милиони евра потврдени инвестиции во изминативе четири години.

Претставниците на банките во земјава – Комерцијална банка, Шпаркасе банка, НЛБ Банка и ПроКредит Банка изјавија дека се придружиле во ГЕФ Програмата за да ја поттикнат свеста за енергетска ефикасност и да дадат придонес во зачувување на животната средина, која, како што велат, зависи од сите нас. Веруваат дека се влијае на екологијата и на начинот на размислување на нашето население. мд/дма/ 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Мијазаки излегува од пензија за да го сними неговиот последен филм

Следно

ФОТО | Експлозија во близина на железничка станица во Минхен, три лица се повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian