Норвешка повторно воведува мерки против коронавирусот, луѓето се повикани да носат маски

1 min read

Норвешките власти воведуваат нови мерки и препораки за борба против коронавирусот, јави ДПА. На граѓаните им се препорачува да носат маски при користење здравствени и социјални услуги, во јавниот превоз и при пазарење, доколку не е можно да се задржи поголема дистанца.

Од денеска луѓето кои живеат со лице заразено со вирусот ќе мора да се изолираат додека не добијат негативен резултат од тест за Ковид-19.

-Тоа ќе биде задолжително за сите полнолетни граѓани, без разлика на статусот на вакцинација, а ќе се препорачува и за децата, изјави премиерот Јонас Гар Сторе.

Заразените со вирусот мора да бидат во карантин најмалку пет денови.

Според премиерот, пандемијата не е завршена, туку е влезена во нова фаза и „луѓето треба да се навикнат да живеат со вирусот и да го држат под контрола”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виц на денот: Сестра

Следно

ВИДЕО | Лончар: Санкции за трговците кои прават маркетиншки измами со попусти пред празниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian