Нема услови за игра во Битола, одложен куп натпреварот Пелистер – Вардар

1 min read

Од 13.00 часот денеска требаше да започне натпреварот помеѓу екипите на Пелистер – Вардар во четвртфиналето од Купот на Македонија, но истиот е одложен поради немањето услови за игра на теренот во Битола.

Снегот кој го натрупа теренот беше пречка да се одложи овој меч, а новиот термин за одигрување на средбата ќе биде дополнително објавен.

На останатите три средби започна од најавениот термин, во нив за пласман во полуфиналето се среќаваат: Македонија ЃП – Шкупи, Шкендија – Струга Трим Лум и Силекс – Брегалница Штип.

Вардар сезонава игра во Втората лига – Запад каде што после 12 кола е на третата позиција со 20 бодови.

Пелистер моментно е последен во Првата лига единствен без победа по 15 кола со пет освоени бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почна средбата Заев – Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Следно

Конзум е првиот трговски ланец во Хрватска кој воведе плаќање со криптовалути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian