Муцунски, Арсовска, Гир и Вуцас денеска садеа дрвја во Аеродром

1 min read

Денеска, во рамки на GEFF програмата, во општина Аеродром се садеа дрвја во паркот на „последна 5-ка“. 

Во акцијата се вклучија градоначалникот на општината Тимчо Муцунски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, евроамбасадорот Дејвид Гир и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

-Со ова го означивме успехот на GEFF програмата која како приоритет го става чистиот воздух и чистата животна средина. Силната соработка меѓу локалните партнерски финансиски институции на ЕБОР и локалните продавачи придонесе за успехот на оваа програма. Програмата за зелена економија за Западен Балкан е основана од Европската банка за обнова и развој, е ко-финансирана од ЕУ, Австриското Федерално Министерство за финансии и билатералните донатори на инвестициската рамка за Западен Балкан, порача Муцунски. 

Тој рече дека зелените политики се приоритет за нив како локална власт.

-Општина Аеродром секогаш ќе ги поддржува ваквите настани кои имаат цел зачувување на нашата животна средина. Само преку заедничка работа може да ја кренеме колективната свест за значењето на екологијата во нашиот живот, додаде Муцунски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Храна која лошо влијае на концентрацијата и помнењето

Следно

Русија протерува американски дипломати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian