Му го оштетиле возилото, а потоа и физички го нападнале

1 min read

На 30.11.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје Н.Р.(31) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде бил паркиран со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бил удрен од патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш., со кого се познавал од претходно.

Според пријавеното, подоцна бил и нападнат со дрвени предмети од две лица кои биле во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

10 видови пиво кои вистинските љубители на пиво мора да ги пробаат

Следно

Кулеба: Ако Минск го признае Крим за дел од Русија, тоа ќе ги наруши белоруско-украинските односи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian