Можно е Македонија да го „назначи“ Манчини за нов менаџер на Манчестер јунајтед

1 min read

Италијанскиот селектор Роберто Манчини е еден од главните фаворити да седне на клупата на Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, пренесуваат британските медиуми.

Неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ би можело да се случи доколку Италија не се пласира на Светското првенство во Катар.

А потсетување дека во полуфиналето од мундијалскиот бараж во март следната година актуелниот европски шампион ќе игра на домашен терен против Македонија.

Но, и доколку не загуби од Македонија, тешко дека Манчини би ја одбил понудата од „црвените ѓаволи“ кои во изминатиот период за привремен менаџер до крајот на сезоната го назначија Ралф Рангник.

На тој начин екс стратегот на градскиот ривал Манчестер сити е додаден на листата кандидати во која се наоѓаат уште Ерик тек Хаг, Маурисио Почетино и Брендан Роџерс.

Токму поради неговото минато прашање е како би бил прифатен од страна на навивачите. Тогаш во дресот на „граѓаните“ беше и Серхио Агуеро кој го постигна легендарниот гол против Квинс Парк Ренџерс и со кој ја освоија титулата во шампионската трка против Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/TeleFootball/status/146594904582283673

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фотелјата на Филипче клучна за Алтернатива да седне во Владата

Следно

Во Косово годинава осуммина новозаболени од СИДА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian