Москва тврди дека Украина распоредила половина од армијата во Донбас

1 min read

Русија денеска ја обвини Украина дека распоредила половина од својата армија – или 125.000 војници – во зоната на конфликтот во Донбас, каде што украинските владини сили се борат со сепаратистите поддржани од Москва од 2014 година.

Обвинението го упати портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на брифинг во Москва. Засега нема одговор од Киев.

Русија вели дека е загрижена за намерите на Украина во време на зголемени тензии меѓу двете земји поради стравувањата на Западот од нов руски напад на украинска територија. Москва ги отфрла овие наводи како влевање страв.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Оз влегува во политиката

Следно

ВИДЕО | Чадиковски: Нападот врз новинар води кон автоцензура и застрашување на целата професија

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian