Конзум е првиот трговски ланец во Хрватска кој воведе плаќање со криптовалути

1 min read

Почнувајќи од среда, 1 декември 2021 година, Конзум им овозможува на клиентите да плаќаат со криптовалути во својата онлајн продавница, што го прави првиот малопродажен синџир во Хрватска што овозможува ваков вид на плаќање.

Така, физичките и правните лица, сопственици на криптовалути, можат да купуваат и да платат намирници, средства за хигиена и домаќинство и други производи од богатата понуда на онлајн продавницата на Конзум со повеќе од 12.000 артикли.

Онлајн продавницата на Конзум ќе може да користи девет различни криптовалути за плаќање – биткоин (BTC), етериум (ETH), биткоин кеш (BCH), EOS, DAI, ripple (XRP), stellar lumen (XLM), tether (USDT) и USDC.

Процесот на плаќање со криптовалути е едноставен и сличен на плаќањето со картички. Откако ќе ја изберете саканата криптовалута, ќе се прикаже износот во нејзиниот еквивалент и ќе се генерира QR код и адреса за плаќање, по што клиентот едноставно ќе го скенира QR-кодот исклучиво со личниот криптопаричник.

Со оглед на нестабилноста на девизниот курс на криптовалутите, која може да варира од минута во минута, системот PayCek при покренувањето на трансакцијата ќе му гарантира на купувачот фиксен курс во време доволно за нејзино успешно извршување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нема услови за игра во Битола, одложен куп натпреварот Пелистер – Вардар

Следно

ФОТО | Ријана се појави без градник, принцот Чарлс не го тргна погледот од пејачката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian