Книга вратена во библиотеката со 110 години задоцнување

1 min read

Книга е вратена во библиотека во американската сојузна држава Ајдахо со 110 години задоцнување, пишува Huffpost.

Книгата „The New Chronicles of Rebecca“ („Новите хроники на Ребека“) од американската писателка Кејт Вигин е објавена во 1907 година. Непознат читател ја зел од библиотеката во Боиси на 8 ноември 1911 година.

Книгата беше вратена на почетокот на ноември, но во друга библиотека во блискиот град Гарден Сити, каде што вработените забележаа дека потписот е од библиотеката Боиси.

За среќа, кој и да ја поседувал книгата во изминатите 110 години, добро се грижел за неа.

Во 1911 година, кога била земена книгата, се должела казна од 2 центи за секој ден доцнење по почетниот период од две недели. Тоа значи дека казната што требало да се плати е над 800 долари.

Сепак, од библиотеката појаснуваат дека парите нема да се бараат.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 1 декември: Пред вас е убав љубовен ден

Следно

Јапонија ги прекинува новите резервации за авиолетови поради сојот Омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian