Калинка, овошје драгоцено како рубин: Еве за што може да го употребувате освен во исхраната

2 mins read

Калинката е плод богат со ситни семки кои прават чуда за нашиот организам. Во зимските месеци, ова овошје е повеќе од добредојдено на нашата трпеза.

Освен што е богата со бројни витамини и минерали, антиоксиданси и други вредни состојки, калинката е природно оружје против вирусите и настинките, и е една од најдобрите овошки за подобрување на имунитетот.

Освен како овошје, можете да ја користите и за многу други намени. Еве три од нив.

Желе од калинка

Доколку сакате да ги инспирирате домашните на еден поинаков, а бомбастичен десерт полн витамини, желе од калинка е вистинскиот избор. Свежо исцедете сок од една калинка, промешајте го со малку шеќер и желатин и оставете го во длабоки чинивчиња да се стегне. Ќе бидете изненадени колку ќе ве освежи вкусот.

калинка/Profimedia
ATTA KENARE / AFP / Profimedia

Чај од кора од калинка

Доколку ве „фати“ стомакот или имате подуеност, сте настинале или имате некакви потешкотии со дигестивниот тракт, овој чај е навистина лековит. Кога ќе ја лупите калинката, не ги фрлајте корите. Соберете ги во една ќесичка и оставете ги природно да се исушат. Секогаш кога ќе имате некаков дигестивен проблем, налејте литар вода во тенџерче, ставете неколку кори од калинката и сварете си чај. Пијте го во интервали од 6 часа во текот на еден ден и ќе забележите разлика.

Балсамико од калинка

Ако сакате невообичаен вкус на вашите јадења со зачинето балсамико, ова е супер предлог за вас.  Во стаклен сад ставете литар оцет и во него иситнете две големи калинки. Покријте со капак и оставете да стои 30 дена на суво и ладно место. Потоа процедете го оцетот и чувајте го во стаклено шишенце. Ќе имате незаобиколен зачин за сите ваши салати.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши седницата на српскиот кризен штаб: Зимскиот распуст останува непроменет, нови мерки за патниците од Јужна Африка

Следно

Уапсени над 1.800 луѓе во акција на Европол против перење пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian