Изречени 1.400 казни за непочитување на мерките минатиот месец во Србија

1 min read

Српскиот помошник министер за здравство за инспекциски работи Горан Стаменковиќ изјави денеска дека минатиот месец се извршени над 100.000 инспекциски контроли во врска со мерките против епидемијата на коронавирус во Србија, а за непочитување на законот се напишани 1.400 налози за казни во вкупна вредност од околу 50 милиони динари.

Стаменковиќ за РТС изјави дека бројот на изречени казни е нешто помал од октомври, кога казните на комуналната полиција и комуналните инспекции за непочитување на мерките изнесуваа вкупно 82 милиона динари.

Запрашан дали инспекциите затекнале со фалсификувани сертификати за вакцинација при контрола на угостителските објекти по 20 часот, Стаменковиќ одговори дека „се шират шпекулации за фалсификување на такви документи, но инспекторите досега не го навеле тоа”, јави Бета.

Стаменковиќ додаде дека инспекцијата изрекла итни мерки на аптека во Белград поради производство и продажба на лекот „Ивермектин”, кој, како што истакна, „не е за човечка употреба”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Муслиу: Заев се обидува зад себе да не остави потоп

Следно

Готвиме со Маја: Чили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian