Хирург од Австрија ампутирал грешна нога на пациент, казнет со 2 илјади евра

1 min read

Хирург од Австрија бил казнет со 2,700 евра затоа што ампутирал погрешната нога на еден пациент.

Наместо левата нога, на постариот пациент му била отстранета десната нога, а грешката била откриена два дена подоцна, пишува Би-Би-Си.

Во средата судот во Линц ја прогласи виновна 43-годишната лекарка за грубо невнимание и ја казни со 2.700 евра.

На вдовицата на пациентот, која почина пред случајот да оди на суд, и била досудена отштета од 5.000 евра.

Пациентот минатиот мај дошол во клиника во малиот град Фрајштат за да му ја ампутираат ногата, но хирургот ја означил погрешната нога како онаа што треба да биде ампутирана.

Забележана е грешка при рутинската замена на завојот, а на пациентот му било кажано дека сега ќе мора да ја ампутира другата нога.

Во тоа време, болницата соопшти дека инцидентот се случил поради „неколку несреќни околности“. На прес-конференцијата јавно извинување најави и првиот човек на болницата.

На прашањето од судијата зошто докторката ја обележала десната, а не левата нога, таа одговорила: „Едноставно не знам“.

По овој инцидент, хирургот отишол на работа во друга клиника. Половина од паричната казна и е укината.

Случаи како овој се ретки, но тие се случиле во минатото.

Во 1995 година, среде операција во Соединетите Држави, еден лекар сфатил дека му ја ампутирал погрешната нога на дијабетичар. Но морал да продолжи откако веќе ги исекол мускулите, тетивите и лигаментите, пишува Би-Би-Си.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мечот на Наполеон Бонапарта на аукција во Америка: Се проценува дека вреди преку 3 милиони долари!

Следно

ВИДЕО: Страшна трка за титулата во Премиер лигата – Челси, Сити и Ливерпул

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian