Готвиме со Маја: Чили

2 mins read

Познатата готвачка Маја повторно ни нуди одличен рецепт – чили! Погледнете кои се состојките и како Маја вешто ги подготвува овие варијанти на чили рецепти!

 

Вегетаријанско Чили

4 лажици маслиново масло

1 кромид

3 чешниња лук

1 конзерва Подравка пелати

2 конзерви Подравка црвен грав

1 лажичка чили сос

1 лажичка Вегета Маестро оригано

1 лажичка Вегета Маестро чили

1 лажица Вегета Мастро димена црвена пиперка

1 чили паста

 

  1. На загреано масло пропржете сецкан кромид и лук и посолете.
  2. Додадете ги пелатите и зачинете со Вегета маестро зачините и оставете неколку минути да се динста
  3. Додадете го црвениот грав и на крај додадете ја чили пастата.
  4. Донстајте уште неколку минути за состојките убаво да се спојат.
готвиме со маја
Фото: Промо

Зачинето чили со мисирка и јунешко

3 лажици маслиново масло

1/2 жолт кромид

1 морков

1 зелена пиперка

1/2 црвена пиперка

1/2 кг Перутнина Птуј мисиркино мелено месо

300 г мелено јунешко месо

сок од 1/2 лимон

2 лажички мелен ким

Фант за гулаш и паприкаш

2 лажички Вегета Маестро чили

1 ловоров лист

1/2  лажичка Вегета Маестро чаден црвен пипер

1 црно пиво

1 конзерва Подравка црвен грав

1 конзерва Подравка пелати

50 мл Подравка кечап

5-6 сецкани сушени домати

Сол и бибер по вкус

 

  1. Ставете го кромидот да се пржи и додадете го морковот исечен на кругови, а пиперките на ситни коцки и посолете и додадете мелен ким
  2. Потоа додадете го меленото месо и убаво испржете додека месото не обели
  3. Додадете сок од лимон и Фант и останатите зачини и оставете да се динста неколку минути
  4. Додадете го црното пиво, црниот грав и пелатите, поклопете и оставете го околу 40 минути на тивко.

Сос

1 авокадо

1 лажица павлака

Свеж коријандер

Тортиљи

 

Авокадото испасирајте го со вилушка и додадете павлака, посолете и на крајот посипете со сецкан свеж коријандер.

 

Закиселен кромид

1/2 црвен кромид

Сок од 1 лимета

Сол и бибер

Шеќер

 

Кромидот исечен на полумесечини измешајте го со состојките и служете го како додаток на чили сосовите

 

Тортиљите благо стоплете ги во тава, на скара или огин и послужете ги како додаток со чилито и сосовите.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изречени 1.400 казни за непочитување на мерките минатиот месец во Србија

Следно

Го пресоливте јадењето? Со овие трикови можете да го спасите – секој пат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian