Го пресоливте јадењето? Со овие трикови можете да го спасите – секој пат

3 mins read

Павлаката може да го спаси јадењето со месо ако сте го пресолиле. Исто така, храната како што се компирите, њоките или тестенините помагаат да се апсорбира вишокот сол. Помагаат и доматите – кога станува збор за сос од зеленчук.

Ѕвезда на TikTok, Ванеса, објасни како да спасите пресолено јадење. Трикот по кој посегна одамна им е познат на многу домаќинки, но не е на одмет да го повторуваат и младите жени кои почнуваат да учат кулинарски вештини.

„Дали некогаш случајно сте додале премногу сол во храната и не сте знаеле што да правите? Излупете компир, додадете го во пресолената супа и оставете го заедно да се свари. Компирите го впиваат вишокот сол, а на крајот од готвењето само извадете го и послужете го јадењето како ништо да не се случило“, објасни оваа снаодлива мајка.

Имаше најразлични коментари, од домаќинки кои никогаш не слушнале за ова и напишале дека дефинитивно ќе го пробаат до поискусни жени кои одамна го научиле овој трик од нивните мајки или баби.

Некои коментираат дека овој метод помага само со течни јадења како супи, чорби, гулаш…, но не и кај други, пренесува „The Sun“.

Трикови на светските готвачи

Еве уште неколку корисни совети кои ги користат најпознатите светски готвачи, на кои многупати им се случувало да пресолеат некое јадење – од супи и месо до зеленчук и сосови.

Солена супа и други течни јадења

Најлесно е да додадете малку вода и да се вари неколку минути. Но, овој метод може да биде добар само ако сте ја пресолиле супата малку за да не треба да додавате многу вода. Ќе ви помогне и ако во супата ставите кесичка ориз и ја сварите. Оризот ќе го впие вишокот сол.
Постои уште еден метод, а тоа е додавање трошка шеќер – почекајте да се стопи и потоа вкусете. Повторете го процесот додека вкусот на сол не стане прифатлив. И ова помага само кога станува збор за малку вишок сол.

Исто така, храната како што се компирите, њоките или тестенините помагаат да се апсорбира вишокот сол. Готвачите во овој случај ставаат излупени компири во супа, сос или некое друго течно јадење и го варат 10 до 15 минути, а потоа го вадат. Компирите го апсорбираат вишокот сол без да го нарушат вкусот на јадењето. Додадете њоки и тестенини само ако одговара според рецептот.

Солено месо

Павлаката може да го спаси јадењето со месо ако го пресолите. Ставете го месото во сад со павлака и оставете да се излади. Ако имате пресолено мелено месо, во смесата додадете ситно сечкана зелка, тиквички или изрендајте сиров компир. Солта ќе се чувствува помалку, а јадењето ќе биде сочно.

Солен зеленчук

Сосот од зеленчук ќе го спасите со домати. Ситно исецкајте во сад и варете. За да го отстраните вишокот сол од варениот зеленчук, прелијте го со несолена топла вода и варете неколку минути.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Готвиме со Маја: Чили

Следно

Д-р Оз влегува во политиката

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian