ФОТО | Мечот на Наполеон Бонапарта на аукција во Америка: Се проценува дека вреди преку 3 милиони долари!

1 min read

Мечот со кој Наполеон Бонапарта, францускиот војсководец изврши државен удар во 1799, ќе биде понуден на продажба, заедно со уште неколку парчиња оружје кои му припаѓале на францускиот цар, објави американската аукциска куќа.

Вредноста на предметот кој од трети до петти декември ќе биде понуден на аукција преку компанијата „Rock Island Auction Company“ со седиште во Илиноис, проценета е на 1,5 до 3, 5 милиони долари.

Мечот во корица кој е вистинска драгоценост во колекцијата го објави аукциската куќа која ќе ја оргнизира продажбата преку интернет и во дел од своите простории.

Оружјето е изработено од Николас Ноел Буте, тогашен директор на државната фабрика за оружје во Версај.

Се верува дека откако бил крунисан, Наполеон му го подарил мечот на генералот Жан Андо Жуно, но подоцна жената на генералот морала да го продаде за да отплати долгови.
Пронајден е од страна на лондонскиот музеј.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бензема го чува Реал Мадрид на врвот во „Ла Лига“

Следно

Хирург од Австрија ампутирал грешна нога на пациент, казнет со 2 илјади евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian