ФОТО | Фотографот на Ѓорѓе Балашевиќ емотивно објави свои необјавени фотографии од панонскиот морнар

1 min read

Петар Курсечнер е фотограф кој долги години официјално го фотографираше Ѓорѓе Балашевиќ. Денес објави неколку фотографии кои досега не биле објавени од пејачот, со емотивен коментар на својот фејсбук профил.

„Поздрав до сите! Ви испраќам неколу фотографии од концертот на Балашевиќ, на кој со години му бев официјален фотограф. Џоле беше еден многу драг човек, многу убави работи доживеав со него. И понатаму не можам да верувам дека веќе не е помеѓу нас… Се надевам дека ќе ви се допаднат фотографиите“

Ѓорѓе Балашевиќ
Фото:Петар Курсчнер

Фотографот притоа напиша во објавата дека секогаш му било фасцинантно дека секој концерт на панонскиот морнар бил различен од претходниот. На секој настап, Ѓорѓе Балашевиќ имал различно претставување на своите песни, секој пат интензивно и интересно.

Фото:Петар Курсечнер
Фото:Петар Курсчнер

„Концертите знаеја да траат и по 4 часа, тој не се тргнуваше од сцената, зборуваше, пееше, уживаше. Во една прилика, мислам дека беше во Копривница, една жена во првиот ред сакаше да оди во тоалет, тој ја прекина приказната, нормално во негов стил за жената брзо брзо да се врати на столчето“ – изјави фотографот.

Фото:Петар Курсечнер
Фото:Петар Курсчнер

„Можеби е подобро да не кажувам дека кога почнав да работам со него, знаев многу малку за неговата кариера и музика. Но го засакав и му станав огромен фан работејќи на неговите концерти“ – изјави фотографот за „Index.hr“.

– напиша меѓу другото, фотографот во објавата.

Фото:Петар Курсчнер
Фото:Петар Курсчнер

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија ја модернизира, а Приштина ја зголемува својата војска

Следно

ВИДЕО: Најмалку четворица мртви во пукање во Атланта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian