Дневен хороскоп за 1 декември: Пред вас е убав љубовен ден

5 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 1 декември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Почна новиот месец, веќе сте подготвени за новите почетоци, доживувања, предизвици… Чувствувате некое пријатно чувство, имате претчувство дека овој месец ќе ви се случат значајни промени. Во љубовта чувствувате среќа кога ги покажувате емоциите. Ќе имате љубовна врска со некој од знакот на Лав, Скорпија или Бик.

Бик

Имате чувство дека ве следи среќа во секоја работа на која само што ќе помислите. Се наближува крајот на вашите финансиски маки. Помошта на еден Лав ќе биде извесна, тоа и сте го очекувале. Во љубовта, слободните Бикови ќе ја бараат среќата надвор од земјата. Време е да се стабилизирате.

Близнаци

Во моментов сте во две љубовни врски во кои поеднакво уживате но – колку долго?… Зарем не помислувате дека ова што го правите е погрешно и дека на крајот вие може да бидете напуштени и разочарани. Не си играјте со чувствата на другите луѓе, затоа што вие ќе бидете повредени и многу ќе страдате.

Рак

Се подготвува зголемување на платата за вас. Сакате кога знаете на што сте, особено кога сте работеле напорно и сте докажале колку вредите. На емотивно поле, ако имате партнер кој е малку нервозен, оставете го да биде малку сам и свој. Совет и здравје: Направете детален преглед, особено на абдоменот.

Лав

Пред вас е убав љубовен ден кога ќе можете да очекувате склад помеѓу вас и саканата личност. Ако сѐ уште сте сингл, секако излезете надвор во друштво, бидејќи шансите со некого да се зближите се зголемени. Ќе бидете заводливи, а лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ви приоѓаат.

Девица

Се наоѓате во фаза кога треба да решавате ситници на работа. Баланс помеѓу потребите на дневна основа и размислување за вашата цел во животот. Направете напор да го пронајдете својот мир додека пешачите. Тоа може да ви одговара. Ќе добиете работа во важна институција. Повикот доаѓа веќе наредната недела.

Вага

Работите напорно, но веќе сте го прескокнале декември, размислувате за работите во новата година. Во љубовта се чувствувате добро и уживате во заедницата со саканата личност. Нема некои големи емотивни превирања. Единствено ве мачи тоа што се чувствувате исцрпено од секојдневните случувања.

Скорпија

Партнерот не сака премногу да трошите на облека или на поголема количина храна. Имате расправии поради вашето неконтролирано трошење и неговиот обид да заштедите некој денар на страна. На дневен ред доаѓаат интелектуални борби. Некои во вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги одработувате со страст или со лутина.

Стрелец

Нема потреба да се губите и да си создавате себеси беспотребна тензија. Ќе добиете повик што ќе ви го промени денот, но и самата работа. Во љубовта, ако продолжите да се однесувате посесивно и љубоморно, ќе добиете контра ефект – ќе бидете оставени. Затоа, бидете претпазливи во однесувањето.

Јарец

Понекогаш имате тешки денови и навистина ви е тешко да се фокусирате, но дадете сѐ од себе. Направете промена на работа бидејќи може да биде продуктивна за вас. Не се нервирајте премногу за критикувањето на другите луѓе. Едноставно, за да имате прогрес во работата, игнорирајте ги сите критики и озборувања околу вас. Ќе се чувствувате посилни.

Водолија

Размислувате за патување, а работата ја ставате во втор план. Поведете сметка тоа патување навистина да биде вредно и корисно за вашата иднина. Во љубовта, ако сте слободни, еден припадник на знакот Стрелец бара љубов, а љубовта ќе ја бара од вас. Вие сѐ уште се двоумите дали тој ќе може да ги задоволи вашите критериуми.

Риби

Подготвени сте да одговорите на сите прашања што ги поставува или ќе ги бара директорот од вас. На емотивно поле, добар ден за романса и романтика. Можеби веќе сте вљубени и таа личност очекува да ја поканите на љубовен состанок. Повеќе не сте во фаза на меланхолија и разочараност. Полека излегувате од лошиот период.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Лончар: Санкции за трговците кои прават маркетиншки измами со попусти пред празниците

Следно

Книга вратена во библиотеката со 110 години задоцнување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian