Богоевски: Имаше „груевизам“, но нема „заевизам“, сега многу функционери одговараат за постапките

2 mins read

Аналитичарот и поранешен пратеник од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, Павле Богоевски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не може да се прави паралела меѓу премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер Никола Груевски.

„Не, во никој случај не можеме да говориме дека постои нешто што се вика „заевизам“, и што е нова форма на „груевизмот“. Да, постои начин на управување на државните институции кој е карактеристичен на Зоран Заев, ама никако не можеме да правиме паралела меѓу овој начин на управување и тоа што го правеше Груевски“, рече Богоевски во дебатата со аналитичарот и поранешен портпарол на Владата Ивица Боцевски.

Според него, сега има најмногу функционери кои одговараат за постапките од минатото.

Богоевски додаде и дека состојбата која ја оставил зад себе поранешниот премиер Груевски не може да се поправи за неколку години и оти за тоа ќе биде потребно многу време.

Зборувајќи за оставката на Заев од лидерската позиција во СДСМ, поранешниот пратеник рече дека Заев по заминувањето нема да доминира во партијата.

„Верувам дека е извесно напуштањето на премиерската функција од страна на Заев. Сепак, не се согласувам дека тој ќе доминира со партијата и по заминувањето од неа“, рече Богоевски, наведувајќи го статутот на СДСМ како важен за ова прашање.

„Механизмите во СДСМ и фактот дека имаме директни избори на самото членство, се механизми за осигурување дека СДСМ ги презема чекорите за да не биде султан-партија,“ вели Богоевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еве кои се најскапиот и најевтиниот град за живеење во светот

Следно

ВИДЕО: Бензема го чува Реал Мадрид на врвот во „Ла Лига“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian