Бобан Стефковски е избран за претседател на Скопскиот плански регион

1 min read

На конститутивната седница на Советот на Скопски плански регион денеска се верификуваа мандатите на ново-избраните градоначалници, додека за претседател на Советот на Скопски плански регион, едногласно беше избран градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Новиот претседател на Скопски плански регион Бобан Стефковски, се заблагодари за едногласната одлука за неговиот избор за претседател и посака успешна соработка во неговиот мандат со сите колеги градоначалници.

-Рамномерниот развој ќе биде наш приоритет во иднина за да нема заборавени општини. Очекувам соработка со сите општини и институции, заедно да градиме силна локална самоуправа со развиени општини, порача тој. 

По завршување на седницата на Советот на Скопски плански регион, се оддржа конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Скопски плански регион. За претседател на Советот за социјална заштита, едногласно беше избран Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден, кој исто така се заблагодари на колегите за изборот.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Коронавирус: Како да знаеме дека сме заразени со „омикрон“?

Следно

Сијарто предупредува на притисокот од мигрантите и бара НАТО да ја гарантира безбедноста на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian