Заев и Радев се слушнале по телефон: Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и решавање на спорните прашања

1 min read

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска имале телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател.

Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Северна Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Избори во Ирак: Потврдена победата на популистичкиот шиитски свештеник

Следно

Тага во Англија: Почина легендата на Ливерпул и на Арсенал, Реј Кенеди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian