Вооружен тинејџер усмртил три ученици во американско училиште

1 min read

Во училиште во американската сојузна држава Мичиген, вооружен тинејџер застрелал тројца ученици. Во нападот се повредени најмалку шест лица, меѓу кои и еден наставник, објави Си-Ен-Ен.

Нападот се случил во средното училиште Оксфорд во истоимениот град во Мичиген, кој се наоѓа северно од Детроит.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, изјави на прес-конференција заменик-шерифот на округот Оукланд, Мајк Мекејб.

Напаѓачот има само 15 години

Напаѓачот е уапсен во училиштето, а неговиот идентитет се уште не е соопштен. Се знае само дека има 15 години и е ученик во второ одделение по американскиот образовен систем.

Полицијата го пронашла и пиштолот од кој пукал. Имињата на жртвите се уште не се објавени.

Полицијата добила дојава за пукање во училиштето околу 12:55 часот по локално време. На местото на настанот веднаш се испратени специјалци и брза помош.

Сè уште вршиме увид во училиштето и бараме евентуални жртви. Учениците се евакуирани, соопшти канцеларијата на шерифот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби: Премиерот Заев, кохезиониот елемент на коалиционите партнери

Следно

Вечерва е целосно забранет сообраќајот на патот Струга-Ќафасан, има голомразица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian