ВИДЕО: Бајден никако да го погоди името на новиот сој

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден на заедничката прес-конференција со советникот за здравство во Белата куќа Др. Ентони Фаучи повторно изненади, неколку пати грешно изговарајќи го името на новиот сој на коронавирусот, омикрон, инсистирајќи дека тоа не е „причина за паника“, пишува РТ.

За време на прес-конференцијата во понеделникот, Бајден повика на смиреност пред најновата варијанта на коронавирусот, што Светската здравствена организација (СЗО) ја објави минатата недела.

За време на своето обраќање, Бајден ги бранеше патните ограничувања наметнати на многу африкански земји и ги повика Американците да се вакцинираат за да се заштитат од новиот сој.

Многумина забележаа дека Бајден упорно го повторува погрешното изговарање на името на новата варијанта на вирусот, нарекувајќи го „омникрон“.

„Тоа се нарекува омникрон“, кажа тој, повторувајќи ја грешката неколку пати. Иако имаше потешкотии да го изговори вистинското име, Бајден рече дека таа варијанта е „причина за загриженост“, но не и за паника кај американскиот народ.

Многумина укажаа на повеќекратните погрешни оценки на Бајден додека зборуваше за варијантата, а многумина истакнаа дека грешката е мала, но и невообичаена, бидејќи Бајден бил информиран за таа тема повеќе отколку мнозинството, пишува РТ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР: Дојавата за бомба е лажна, се преземаат мерки за санкционирање на лажното пријавување

Следно

Македонските граѓани се одговорни околу пандемијата во споредба со соседите, вели Деспотовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian