Вечерва е целосно забранет сообраќајот на патот Струга-Ќафасан, има голомразица

1 min read

Поради ниските температури и појава на голомразица на коловозот, од 19:45 часот се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информираа од АМСМ.

Останува на сила забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка, додека на останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози и со слаби остатоци од кашест снег на коловозот на некои повисоки места, се вели во соопштението од АМСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вооружен тинејџер усмртил три ученици во американско училиште

Следно

ВИДЕО: Лазаров со гол во последните секунди го спаси Нант од пораз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian