Полицијата упадна во куќата на Мерлин Менсон! Конфискувани докази за малтретирање жени?

4 mins read

Во куќата на Мерлин Менсон (52) упаднала полицијата, односно истражителите на шерифот од Лос Анџелес, кој наводно одзеле хард-дискови поради истрагата и обвинувањата дека сексуално злоставувал неколку жени, пренесе „Дејли Мејл“.

Ева Хименез, заменик шерифот, потврди дека на 52-годишниот Мерилин му била дадена наредба за претрес во неговиот дом во Западен Холивуд и дека детективите почнале да го испитуваат поради пријавување семејно насилство во периодот од 2009 до 2011 година во Западен Холивуд, каде што живеел во тоа време, а за што бил пријавен од неговата поранешна партнерка – Еван Рејчел Вуд.

Според TMZ, рацијата во неговиот дом е поврзана со обвинувањата за напади, кои Менсон ги негира.

Детективите од Специјалната единица за жртви, наводно, отишле во куќата рано наутро во понеделникот со налог за претрес и заплениле хард дискови и единици за складирање документи, кои ќе бидат проверени пред да биде поднесен случајот до Окружниот обвинител во Лос Анџелес.

Идентитетот на сите жени инволвирани во случајот не е откриен, но неколку оваа година јавно изјавија дека Менсон физички, сексуално и емоционално ги малтретирал, а некои поднесоа и тужби.

Тие изјавија дека Менсон наводно ги заклучувал во мала, звучно изолирана стаклена соба во куќата, која ја нарекол „соба на лоши девојки“. Жртвите утврдиле дека тој просторот го користел како самица за психичко мачење на жените.

Да потсетиме, Мерлин Мендон се најде на насловните страници во февруари 2021 година, кога пејачката Фили Бриџис тврдеше дека го посетила неговиот дом како тинејџерка и дека една од собите ја нарекол „соба за силување“.

Мерилин отсекогаш ја интригирал јавноста.

Тој беше свршен со актерката Роуз Мекгован од 1999 до 2001 година, а по раскинувањето таа истакна дека не се согласуваат за многу работи.

Менсон и танчерката и модел Дита фон Тиз почнаа да се поврзуваат во 2001 година, а три години подоцна Мерилин клекнал пред неа. Тие се венчале на приватна церемонија, но таа на крајот на октомври 2006 година доставила документи за развод во кои како причина за тоа ги навела непремостливите разлики меѓу нив.

Истакнала и дека не ги одобрува неговите „забави“ и „врски со други девојки“.

Само една година подоцна Мерилин заврши во врска со Еван Рејчел Вуд.

Неколку пати раскинуваа и се помируваа, а тој ја запросил на неговиот концерт во Париз во 2010 година. Не издржаа долго заедно, па една година подоцна засекогаш раскинаа.

Американската фотографка Линдзи Усих во едно интервју во 2012 година изјави дека е девојка на Мерлин Менсон, но како пар тие ја потврдија врската едвај неколку месеци подоцна. Во интервјуто што му го даде на Николас Кејџ минатата година, Менсон рече дека се оженил на приватна церемонија среде пандемијата на коронавирусот, а избраничката на неговото срце била Линдзи.

На почетокот на оваа година тој беше на удар на критики поради десетина жени со кои имал некаква врска, го обвинија за сексуално, физичко и психичко малтретирање.

Ешли Морган Смитлајн зборуваше за магазинот People за наводното злоставување што го доживеала за време на нивната врска.

– Ќе ме пресечеше по стомакот, а потоа ќе ми ја пиеше крвта. После тоа ќе ме тераше да ја пијам неговата – рекла таа.

Во февруари 2021 година, Мерилин рече дека неговите интимни односи секогаш биле целосно во согласност со неговите партнери.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Брзо и вкусно, за помалку од 2 минути: Кето чизкејк во микробранова

Следно

Мобилниот телефон на кралицата Елизабета не може да се хакира, а на него одговара само на двајца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian