Мобилниот телефон на кралицата Елизабета не може да се хакира, а на него одговара само на двајца

1 min read

Телефонот на Кралицата Елизабета Втора (95) е еден од најзаштитените во светот и наводно е невозможно да се хакира. Станува збор за Samsung кој е заштитен од страна на MI6, а за полнење на батеријата е задолжен личниот асистент на кралицата.

„Кралицата најмногу го користи за да разговара со нејзината ќерка, принцезата Ана, и со менаџерот на коњски трки Џон Ворен“, рече Џонатан Сакердоти, експерт за кралското семејство во подкастот „The Royally US“.

Кралицата го познава Ворен преку покојниот пријател, Ерл од Карнарвон, чиј зет е Џон.

Иако во последно време не и е добро и лекарите ја советуваат да не се напрега, таа сепак ќе биде домаќин на семејството за Божиќ.

– Кралицата рече дека се чувствува многу подобро и дека се радува на пречекот на своите гости за Божиќ – изјави извор за „Дејли Меил“.

Кралицата сепак ќе ги дочека празниците без принцот Хари (37), Меган (40) и нивните две деца.

Минатата година беше полна со драматични настани за кралското семејство, а за кралицата ова е прв Божиќ без принцот Филип и внукот Хари.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Полицијата упадна во куќата на Мерлин Менсон! Конфискувани докази за малтретирање жени?

Следно

Муцунски: Укинавме две градежни маркици и донесовме одлука наместо кафеана да се изгради детска градинка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian