Македонските граѓани се одговорни околу пандемијата во споредба со соседите, вели Деспотовски

1 min read

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, во вечерашното гостување на ТВ Телма, околу тоа дали менаџментот и компаниите бараат задолжителна вакцинација, рече дека прв приоритет на која било мерка е справувањето со пандемијата и дека во однос на тоа има мала дилема.

-Како човек и родител можам да кажам мој став во однос на задолжителната вакцинација. Јас лично прележав и се вакцинирав. Мојот најстар 14-годишен син по негова желба прими две дози. Апсолутен приоритет е заштитата на луѓето, меѓутоа сите мерки што ќе придонесат стравовите и последиците врз економијата да се намалат, се нешто што треба да се разгледа. Различни практики се применети во светот. Австрија прибегна кон ригорозни мерки, повторно имаме локдаун таму. Бројките во соседството исто така не се сјајни, рече Деспотовски во емисијата „Топ тема“.

Според него, во Македонија, во целата несреќа, граѓаните и општеството „се покажале доста одговорни во тој дел“.

-Споредено со бројките во соседството, нивото на одговорност кај нас кон целата ситуација е доста повисоко и треба да се земе во предвид, додаде Деспотовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бајден никако да го погоди името на новиот сој

Следно

Не стивнуваат критиките по доделувањето на „Златната топка“ на Меси: Се избира најдобриот во годината, а не најдобриот на сите времиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian