Избори во Ирак: Потврдена победата на популистичкиот шиитски свештеник

1 min read

Ирак денеска ги објави конечните резултати од минатомесечните општи избори, кои ја потврдија победата на движењето на популистичкиот шиитски свештеник Моктада ал-Садр со освојување 73 од 329 места во парламентот, пишува Ал Џезира.

Партијата Такадум, поддржана од малцинските сунити, освоила 37 места.

Групата Владеење на правото на поранешниот премиер Нури ал Малики освои 33 места, а Демократската партија на Курдистан 31 место, според резултатите што ги објавија државните медиуми.

Резултатите се во голема мера во согласност со прелиминарните податоци објавени во деновите по изборите на 10 октомври и веројатно нема значително да ги променат позициите во преговорите за нова влада.

Проиранските групи кои поминле лошо на изборите не сакаат да ги признаат резултатите од гласањето.

Излезноста била 44 отсто, според Комисијата, помала од 2018 година.

На изборите учествувале најмалку 167 партии и повеќе од 3.200 кандидати. Гласале повеќе од 9,6 милиони луѓе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР: Лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, постапуваме по пријава за напад

Следно

Заев и Радев се слушнале по телефон: Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и решавање на спорните прашања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian