Груби: Владата одвои милијарда денари за да се надмине шокот од енергетската криза

1 min read

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во емисијата 200 со новинарот Назим Рашиди ја информираше јавноста дека денеска Владата на својата редовна седница донела одлука да му помогне на државното претпријатие ЕСМ со 1 милијарда денари за да се надмине шокот од светската енергетска криза, пишува gazeta.mk

„Морам да ги уверам граѓаните за тие медиумски шпекулации за големото поскапување на струјата што треба да го платат, не се точни и нашите проекции се доста оптимистички на овој план. Ќе има поскапување но мало поскапување. Кога велам мало поскапување, не велам покачување како што е претставено во медиумите, двојно, тројно, четирикратно поскапување, нема можност да се зголеми цената на струјата на тие нивоа, но тоа ќе биде нешто достапно за домашниот буџет“, изјави Груби.

Извор: gazeta.mk

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Што е љубов? Секој од хороскопските знаци има свој одговор

Следно

Груби: Премиерот Заев, кохезиониот елемент на коалиционите партнери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian