Британија ќе понуди трета доза на вакцина против ковид за сите полнолетни

1 min read

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека целта на Владата е да им понуди на сите возрасни бустер доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари и ги повика Британците да продолжат со борбата против новата варијанта на вирусот, oмикрон.

Секој ден нашите научници дознаваат повеќе за овој нов сој на коронавирусот. Но, има нешто во што сме сигурни, а тоа е дека најдобрата одбрана од вирусот е вакцината, рече шефот на конзервативната влада на прес-конференција во Даунинг стрит.

Британската Влада уште вчера соопшти дека бустер дозата ќе им биде понудена на сите постари од 18 години и оти интервалот помеѓу втората и третата доза ќе се намали од шест на три месеци, пишува Скај.

Џонсон денеска изјави дека целта е до крајот на јануари секому да може да се понуди бустер доза.

Земја која беше меѓу најтешко погодените од пандемијата со скоро 145.000 смртни случаи, Велика Британија сега има повеќе од 80 отсто двојно вакцинирани меѓу населението на возраст над 12 години, додека засилувачка доза примиле 31,1 отсто од тој сегмент на населението.

Досега се пријавени 13 случаи на Омикрон во Англија и девет во Шкотска, но се очекува овој број да се зголеми во наредните денови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски: Укинавме две градежни маркици и донесовме одлука наместо кафеана да се изгради детска градинка

Следно

Матичните лекари кои имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти ќе добиваат пари од државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian