Џабе му се парите на Њукасл кога е пред испаѓање во Чемпионшип, Лидс го слави Рафиња

1 min read

Фудбалерите на Њукасл и по 14 кола се уште нема победа во Премиер лигата, откако вечерва одигра 1:1 против Норич и сè уште ја чека првата победа.

Најбогатиот клуб на светот по 14 кола останува закован на дното на табелата во Премиер лигата со скор од седум ремија и седум порази.

Работите тргнаа лошо за Њукасл уште од самиот почеток на натпреварот, во деветтата минута Кларк доби директен црвен картон. Сепак, во вториот дел, домашниот тим преку Калум Вилсон кој беше прецизен од белата точка поведе со 1:0, но во 79 минута Тему Пуки го израмни резултатот.

Екипата на Лидс со голот на Рафиња во третата минута од судиското продолжение го совлада Кристал Палас со 1:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Легендарното „Рено 4“ доби летечка верзија

Следно

Ридли Скот одговори на критиките од семејството Гучи за актерите во филмот: Треба да сте среќни што ги имате најдобрите актери на светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian