Времето денес претежно облачно, од попладне дожд, на планините снег

1 min read

Времето ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 28 ноември: Интересно познанство со личност која ќе ве шармира

Следно

Швајцарците пак на референдум, сега се изјаснуваат за поништување на ковид потврдите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian