ВИДЕО: Слеп патник од Гватемала преживеал лет за Мајами, криејќи се зад тркалото на авион

2 mins read

Слеп патник од Гватемала, скриен во дел од опремата за слетување на авион на Американ Ерлајнс, преживеал лет од својата татковина до Мајами во саботата. По слетувањето во Мајами бил префрлен кај службениците за имиграција и пренесен во болница на преглед.

Американската Агенција за царина и гранична заштита го потврди инцидентот во изјавата што првично беше емитувана од телевизиската станица WTVJ со седиште во Мајами, со објавување на видео снимено на меѓународниот аеродром во Мајами веднаш по слетувањето на авионот.

На видеото, кое се припишува на страницата Only in Dade на социјалната мрежа Инстаграм, се гледа слеп патник кој изгледа шокиран, но не и повреден, како седи на пистата до авионот. Облечен е во сини фармерки, маица, јакна и чизми и е опкружен со персонал на аеродромот, кој го прашува дали сака вода.

„Службениците на американската царина и гранична заштита на меѓународниот аеродром во Мајами уапсија 26-годишен маж кој се криеше во делот на опремата за слетување во авион што пристигна од Гватемала во саботата наутро“, се вели во соопштението на Царинските служби.

„Беше прегледан од персоналот на итната медицинска помош и однесен во болница на лекарски преглед“, додава агенцијата. „Овој инцидент се уште е под истрага.“

Американ ерлајнс објави соопштение во кое се вели дека нивниот авион од Гватемала Сити за Мајами пристигнал кратко по 10 часот по локално време и бил прегледан од полицијата поради можност за безбедносен проблем.

Авиокомпанијата не даде повеќе детали, освен што рече дека помага во истрагата. Патувањето од Гватемала до Мајами трае нешто повеќе од два и пол часа.

Мигрантите од Гватемала сочинуваат голем дел од околу 1,7 милиони мигранти уапсени или протерани мигранти од страна на американските гранични агенти минатата година. Многумина од нив бегаат од Централна Америка од насилните банди и тешката сиромаштија.

Во еден сличен инцидент во април 2014 година, 16-годишно момче кое побегнало од дома преживеа пет часа во комората на тркалата на млазен авион за време на лет од Калифорнија до Хаваи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Љубовната приказна на пејачката и политичарот: Ана Бекута скршена од болка се огласи по смртта на Милутин Мркоњиќ

Следно

Богоевски: Не дечко, не е ова тест на Алах, ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian