ВИДЕО: Сасуоло ги шокира „росонерите“ среде Милано

1 min read

Фудбалерите на Сасуоло приредија вистинско изненадување во 14 коло од Серија А, побдувајќи го лидерот на табелата Милан со 1:3 и тоа на „Сан Сиро“.

Натпреварот добро започна за домашните фудбалери кои поведоа со голот на Ромањоли во 21 минута, но нивната радост траеше само три минути.

Толку време им беше потребно на гостите да го израмнат резултатот преку Џанлука Скамаки, а истиот играч во 33 минута учествуваше во акцијата која Симон Кјаер несреќно ја смести топката во сопствената мрежа.

Милан не успеа да се врати во игра, „росонерите“ имаа неколку изгледни шанси кои не ги искористија и за тоа беа казнети преку Доменикот Берарди во 66 минута.

И покрај поразот Милан остана лидер на табелата со 32 бода, колку што има и Наполи кој својот натпревар против Лацио го игра вечерва, а трет е Интер со еден бод заостаток.

Екипата на Болоња благодарение на голот на Марко Арнаутовиќ во 83 минута славеше на гостувањето кај Специја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре нова средба Заев-Гаши, ќе има ли договор за влез на Алтернатива во власта?

Следно

Ограбена зградата што се урна во Белград, станарите ги нашле украдените предмети на пазар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian