ВИДЕО: Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес

2 mins read

Фудбалерите на Палмеирас по продолженијата со 2:1 го совладаа Фламенго во финалето на Копа Либертадорес кое се играше во Монтевидео и ја одбранија титулата клупски шампион во Јужна Америка.

Ова е трет трофеј за тимот од Сао Пауло во Копа Либертадорес, а прв пат славеше во 1999 година. За екипата на Фламенго ова беше трето финале во Копа Либертадорес, но по триумфите во 1981 и 2019 година, синоќа го доживеа првиот пораз.

Палмеирас поведе уште во петтата минута со голот на Рафаел Веига и се до средина на второто полувреме немаше промена на резултатот.

Во 72. минута, Габриел Барбоса со 11. гол во 13. натпревар во Копа Либертадорес го израмни резултатот и го однесе натпреварот во продолженијата. Во продолженијата, човек на одлука беше Деиверсон кој во 95 минута го постигна првиот гол сезонава.

Најтрофејна екипа во Копа Либертадорес е аргентинскиот Индепендиенте со седум титули, Бока Јуниорс има шест, Пењарол пет, а Ривер Плата и Естудијантес имаат по четири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ ја почна постапката за кандидирање лидер на партијата, ДУИ смета дека Заев треба да почека со оставката за премиер

Следно

Започна божиќниот пост: Како треба да изгледа менито наредните 40 дена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian