Таткото на Ѓоковиќ бара респект: Новак не трпи уцени и под овие услови нема да игра на Австралија Опен

1 min read

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на првиот тенисер на АТП откри дека постои можност Новак да не игра на Австралија Опен идната година, како и дека не трпи ултиматуми и уцени.

– Дали тоа ќе се случи? Под вакви уцени, на овој начин како што е спроведено, веројатно Новак нема да игра во Мелбурн. Јас тоа не би го направил, а Новак е мој син и ви оставам на вас за заклучите – изјави Срѓан Ѓоковиќ за српската телевизија Прва.

Сепак, тој истакна дека неговиот син има желба да игра на Австралија Опен, но и дека не ја знае неговата одлука.

– Што се однесува до заминувањето во Австралија, беше непријатно во последните неколку недели со разните соопштенија кои ги објавија властите во Викторија каде се наоѓа Мелбурн. Тие и разни други луѓе си дадоа за право без причина да го прозиваат деветкратниот победник на Австралија Опен. Дали Новак ќе оди во Мелбурн или не, ќе зависи од тоа дали го сакаат во Мелбурн или не. И ние сакаме Новак да игра во Мелбурн – вели Срѓан Ѓоковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Богоевски: Не дечко, не е ова тест на Алах, ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби

Следно

ФОТО | Бремената политичарка со велосипед отишла во болница да се пораѓа и родила здраво бебе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian