Петр Фиала именуван за нов чешки премиер

1 min read

Либералниот чешки политичар, Петр Фиала, денеска е именуван за нов премиер на Чешката Република, јави ДПА.

Фиала заклетвата ја даде во замокот Лани, во близина на Прага, пред претседателот Милош Земан, кој седеше зад проѕирна преграда откако од неодамна е позитивен на коронавирусот.

ДПА додава дека владата во заминување на милијардерот Андреј Бабиш ќе продолжи привремено да функционира се додека не се назначи целиот нов кабинет, а примопредавањето на власта не се очекува пред средината на декември.

Фиала го предводи сојузот од пет групации, вклучувајќи ја неговата Граѓанско-демократска партија (ОДС), Христијанско-демократската и Пиратската партија кои заедно освоија 108 од 200 места во Домот на пратеници на изборите на почетокот на октомври.

-Се соочуваме со тешки времиња, рече Фиала на потпишувањето на коалицискиот договор, пред речиси три недели.

Земјата е под силен удар на четвртиот бран на пандмеијата со Ковид-19, со седумдневна стапка на инциденца од 1.191 случај на 100.000 луѓе.

Новата коалиција се изјасни против задолжителната вакцинација, но ја повика јавноста доброволно да ги намали контактите.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„ХАРИ БЕШЕ НОВАТА ДИЈАНА“: Нов документарец за принцовите крена прашина и го налути кралското семејство

Следно

Османи ќе контактира со семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian